Сопствениците на маaлските дуќани стравуваат дека ќе стават клуч на објектите.
Неизвесност и неинформираност владее помеѓу сопствениците на продавниците во однос на воведувањето на хасап стандардите. Сопствениците на малските дуќани стравуваат дека ќе стават клуч на објектите. Причина се хасап стандардите. Сопствениците на малите дуќани велат едвај врзуваме крај со крај. Воведувањето на ХАСАП системот е дополнителен трошок за нас. Надлежните смируваат-имплементацијата финансиски нема да ги чини многу.
За нив најприоритетна задача е до 1 мај да се имплементираат Хасап стандардите во помалите продавници, самопослуги и слаткари.
Атанаско Михаилов директор на охридскиот завод за Здравствена заштита вели ако една продавница не може да обезбеди имплементација на основниот хигиенски минимум и ако не може да обезбеди фрижидер во кој може да обезбеди нормално чување на храната, тогаш јас лично ќе бидам поборник да не работи, како тие ќе гарантираат безбедност на храната која има ја продаваат на луѓето. Михаилов од охридскиот ЗЗЗ вели дека самопослугите и малите продавничиња треба да имаат сертификат дека посетувале курс за основниот хигински минимум, а класичен хасап не се воведува во малите објекти.
Одлагање на овие стандарди нема да има.Хасапот е приоритет и услов за земјава за влез во европската унија. Невоведувањето на стандардите повлекува казна во висина од околу 3000 евра и затварање на објектите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град