Првиот човек на АД Елем, Влатко Чингоски нити потврдува нити негира дали во престојниот зимски период граѓаните може да очекуваат повисока цена на електричната енергија. Сега сме концентрирани на подготовка на капацитетите за нормално производство на енергија и не размислуваме за цената вели Генералниот директор на м-р Елем, Чингоски. Доколку продолжи поволната хидролошка состојба тоа ќе значи се помал притисок за зголемување на цената на електричнаат енергија вели м-р Чингоски.
Пред неколку месеци, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, просечната продажна цена на струјата по која „ЕВН Македонија“ ќе ги снабдува потрошувачите на мало за годинава да не се менува, и да остане на истото ниво од 3,4 денари за киловат час. Инаку, вкупната инсталираност на хидрокапацитетите во Македонија изнесува 528,4 MW, односно 40% од вкупните капацитетите на АД ЕЛЕМ. Од постојните седум хидроелектрани, од кои две се проточни, хидропроизводството обезбедува околу 17 %. Според, електроенергетскиот биланс во 2008 година, АД ЕЛЕМ има остварено 5615,4 GWh или 93,0 % од планираното производство. Лани хидроелектраните произвеле 41, % помалку од планираното што се должи на намалените дотоци и лошата хидролошка состојба на акумулациите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град