Охридските угостители треба да одлучат дали во знак на револт поради законот за пушење, ќе ги затворат своите објекти.
Охридските угостители треба да одлучат дали во знак на револт поради законот за пушење, ќе ги затворат своите објекти.
“Треба да се состанеме и да одлучиме дали на 22 ти работиме или не. Мое мислење е дека како охридски угостители и ние ќе се приклучиме кон протестот, вели Драган Битракоски од Мецо Форте.
Охридските угостители треба да одлучат, дали ќе се приклучат на протестот против законот за пушење на јавни места. Денеска и утре треба да се состанат и да одлучат дали следниот викенд во времетраење од 24 часа, ќе ги затворат своите објекти, како знак на протест против новиот Закон за забрана на пушењето на јавни места. Доколку одлучат да ги зтворат угостителските објекти тие ќе ја подржат иницијативата на Туристичко- угостителската комора, која вчера ги повика сите угостители јавно да протестираат против спорниот закон, кој стапи на сила од први јануари годинава. „ Сметам дека ќе ја подржиме туристичката комора и ние како охридски угостители ќе се приклучиме на протестите, вели Драган Битракоски од кафулето Мецо Форте.
Потсетуваме дека Туристичко- угостителската комора, целосно го подржува законот, но се надеваат дека законот ќе се прилагоди на нивните барања, бидејќи сегашната имплементација на истиот довела до драстичен пад на посетеноста на угостителските објекти, пад на приходите и намалување на бројот на вработени. Тие апелираат до сите угостителски објекти кои сакаат да се ублажи овој закон за заштита од пушење да ја подржат нивната иницијатива и наредниот петок на 22 јануари да ги затворат своите објекти со време траење од 24 часа. Исто така тие се надеваат дека нивната иницијатива ќе наиде, на позитивна реакција и кај граѓаните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град