Католиците вечерва ја чекаат радосната вест за раѓањето на Исус Христос

Христијаните насекаде во светот го празнуваат Христовото раѓање. Католиците го прославуваат на 25 декември, додека пак Православните на 7 јануари. Типично за овој празник е Божиќната вечера која го сплотува целото семејство.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Припадниците на католичката вероисповед денес го прославуваат Бадник. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, овој ден го прославуваат на 24 декември. Бадник означува бдеење пред раѓањето на Исус Христос, Божиќ, центарот на сите празници, вели отец Оливер. Тој додаде дека Божикното славење е еден од најголемиот христијански празник и неговото славење според него било  дводимензионално.

 „Едната димензија е славењето на Бога дека тој се роди како човек се роди за да ни каже дека сме негови дека не сака и се слави тој момент, но Божиќ има и друга димензија која за Господ е многу поважна а тоа е пораката на мирот“ – вели отец Оливер.

Оваа година католичката црква ја нарекува година на милосрдието пренесува отец Оливер. Со тоа светата црква ги повикувала луѓето да се помилосрдни, да ги отворат вратите на своите срца и да покажат љубов и почит на оние на кои им е тоа потребно. Денес луѓето се собираат на посна вечера се бдее, се пее а секако се почитуваат и обредите.

 „Се става едно празно столче и некои тоа го интерпретираат дека со тоа се повикува Господ да дојде на вечера, меѓутоа некои сметаат дека секој може да дојде, бидејќи има и сиромашни кои што немаат семејства и нема каде да одат, вратите им се отворени тоа празно столче е за нив. Се става и слама под масата сакајќи да се стави до знаење дека Исус Христос се роди сиромашно во една шталичка.  

Вечерва во пресрет на Божиќ ќе се одржи полноќна миса, литургија. Отец Оливер ги повика сите верници да присуствуваат на свечената литургија каде на посебен начин се слави Господ, а празникот продолжува и во наредните два дена. На овие денови се пеат песни кои се во духот на самиот празник, Божиќ, Рождество Христово. Божиќната вечера или ручек не е иста во разни култури. За католиците мисирката се смета за вообичаен Божиќен специјалитет, која на менијата се има појавено на средината на 16тиот век. Претходно на Божиќните трпези актуелно било свинското месо, месото од паун и гуска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top