Изградбата на катната гаража не се коси со Законот за Охрид. Деталниот урбанистички план за овој опфат е донесен пред стапувањето на сила на овој закон и за тој план Завод и музеј има изработено конзерваторски основи.
Нема пречки за изградба на катна гаража на паркинг просторот кај градскиот пазар. Нејзиното подигнување не се коси со Законот за Охрид, вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска. Таа објаснува дека Деталниот урбанистички план за овој опфат е донесен пред стапувањето на сила на овој закон и за тој план Завод и музеј има изработено конзерваторски основи.
Паскали Бунташеска вели дека многу градби кои веќе се направени во заштитената зона во старото градско јадро се косат со Законот за Охрид. Тој не дозволува никакви поткровја и галерии, а со постоечкиот план вакви висини постојат. Затоа повеќе од потребно е донесување на нов ДУП за овој дел од градот, бидејќи сме во дилема како да се решаваат тие предмети во овој вакум простор, додава директорката. За овој дел од градот не е надлежна Локалната туку Министерството за транспорт и врски. Затоа Бунташеска закажала средба со пртставници од министерството, Управата за заштита на културното наследство и Завод и музеј која треба да се одржи нареднава недела, а на која треба да се реши што ќе се прави во врска со овој проблем.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град