Нема повеќе додавање ѕвездички на хотелските капацитети.
Министерството за економија подготвува нов, построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Отсега за еден хотел да се стекне со четири ѕвездички, неопходно е да има базен, а за пет хотелот задолжително треба да има базен, фитнес и спа-центар. Новиот правилник предвидува и зголемена квадратура на собите, и тоа 14 метри квадратни за еднокреветна соба за хотел со пет и 12 метри квадратни за соба за хотел со четири ѕвездички. Овие измени нити ги изнанадија, нити разочараа охридските хотелиери. Манаџерот на хотелот Силекс, Тоше Чочороски вели дека оние објекти кои реално и оправдано се здобиле со потребната категоризација ќе се снајдат и со новиот правилник.
„На крајот на краиштата лесно е сите ние да си дозволиме четири и пет ѕвездички затоа што така некако најдобро се чувствуваме, меѓутоа одговорност е истите тие ѕвездички да се оправдаат. Напорно работевме изминатиот период во однос на инвестициите во хотелот, за да ги исполниме сите стандарди кои беа предвидени со стариот правилник. Читајќи го новиот правилник, можам слободно да кажам дека никакви екстремни новитети не се предвидени“, истакна менаџерот на хотел Силекс, Тоше Чочороски.
Чочороски е категоричен дека штом се стремиме да имаме што повеќе странски гости, мора што поскоро да се прилагодиме на нивните барања.
Ова е мотото и на министерството за економија. Од таму додаваат дека не само поголемите туку и помалите хотели во рок од две години ќе треба да се прилагодат на новиот правилник за категоризација на угостителските објекти. Еден објект за да добие една или две ѕвезди според измените на правилникот се предвидува да има најмалку 10 соби ,15 соби за три и најмалку 20 соби за 4 и 5 ѕвездички. Во сите хотели ќе мора да се прифаќаат кредитни картички. Покрај ова хотелите од висока категорија, ќе треба на секои 30 соби да имаат по една соба за инвалиди, а услов ќе биде и задолжително познавање на еден странски јазик за менаџерот и персоналот.
„Овие измени и дополнувања беа дадени и до министрството за финансии и до секретаријатот за законодавство. Направено е усогласување и она што сега е на ред е дискутирање на овие измени со туристичките работници, главно хотелиерите и секако туристичките комори кои се во Македонија. Многу е битно да го слушнеме и нивното мислење, бидејќи сите имаме заедничка цел, а тоа е ако туризмот е приоритет во Р Македонија, многу е битно да се подигнат условите на туристичките капацитети кои им ги нудиме на турстите“, истакна портпаролот на министерство за економија, Сузана Прањиќ.
Праниќ додава дека откако ќе се дискутираат овие измени и правилникот ќе се надополни, истиот ќе биде доставен на усвојување до Владата на РМ. Јавната рсправа треба да се одржи за десетина дена, а потоа правилникот ќе се стави во владина процедура.
Угостителските објекти ќе имаат две години време за прилагодување кон барањата кои произлегуваат од новиот Правилник за категоризација на угостителските објекти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град