Агенцијата за катастар на недвижности од почетокот на месецов ги намали од 10 до 72 проценти износите на надоместоците за најчесто бараните услуги за запишување во катастарот на недвижности и за издавање податоци за правни и за физички лица.
Според новите цени, за запишување катастарска парцела се плаќа по 350 денари, наместо 500 денари како досега, а за деловна просторија, резервоар, силос со внесување на габаритетот на објектот, по 500 денари, односно 750 денари помалку од старата цена.
Се намалува и цената на услугата за запишување семејна станбена куќа со подрум и гаража, од 500 на 450 денари. Новата цена за впишување еден посебен дел од зграда е 350 денари, наместо досегашната 500.
За впишување една деловна просторија за еден кат во комерцијални, индустриски, деловни, инфраструктурни, администратицвни, спортски и културни објекти се плаќа по 350 денари. Старата цена на таа услуга изнесуваше 1.250 денари.
Непроменат останува надоместокот за издавање имотен/поседовен лист, за кој се плаќа по 125 денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град