Карневалска магија во Куратица

Курајчани бараат нивниот Василичарски карневал, да биде дел од карневалската мапа на Министерството за култура. Синоќа маскираните курјчани, мажи, жени, деца ја продолжија 5 вековната возобновена традиција. Приредија спектакуларен театар на отворено, добро организиран со еден збор културен настан кој ќе се памети и цела година ќе се прикажува до наредното издание.

 |  Николоска Биљана  | 

Курајчкиот Василичарски карнивал, вистинска атракција под отворено небо. Курајчани синоќа во една беспрекорна организација ги открија маски кои до синоќа ги чуваа во тајност. Празничната атмосфера беше надополнета и со зимскиот амбиент, студено време и снег, кој не ги спречи бројните гости но и мешатани да излезат во голем број и да видат што се случува на средсело во Куратица. Шаренило од маски меѓу кои се најдоа и претставувањето на курајчкиот етно живот, актуелниот пратеник Амди Бајрам но и екс премиерот на Р. Македонија, Никола Груевски. Сите тие имаа своја порака.

Традиционална храна, вино, ракија, облека, жени итн. „Овде имаме домашно козјо сирење,свинско месо, домашен комад, салата, зелка и краставици и црвеното црвено и бело вино и топла ракија.
„Докажавме што и како се случува…и ето не заробија амам и парите останаа во нас, зајко ќе јаде моркови и така се ќе биди со тек на време…Груевски повторно ќе дојде на власт.
„Прв пат присуствувам на овој фестивал во Куратица и драго ми е и понатака да продолжиме со вакви традиции, да се врати во селото живот народот да биде поблизок и да бидеме понапредни, Македонија да оди напред“ – велат маскираните курајчани.

Директно од карневалот во Мокриево, струмичко, веќе загреани дојдоа „Прочкарите“ од Прилеп, со нивната маска Астерикс и Обеликс, кои изведоа и перформанс. Во Куратица се чуствувале како дома бидејќи 6 години наназад доаѓале тука .

Тука Куратица, е една од нашите најомилени дестинации досега каде што сме учествувале. Инаку со оваа маска имаме учествувано и на меѓународни фестивали, не само тука“.
„Маските ги симболизираме по традицијата..ние не сме политичари засега не сме имале таква маска и не планираме да имаме

Главниот виновник за организација на карневалот беше маската на Аладин или кметот на Куратица, кој речиси и да немаше човек на кој не му исполни по некоја желба.

„Како што повеќе пати имаме кажано еве самите можете да видите на лице место дека Куратица живее за овој карневал и вистина докажавме на јубилејното 20 то издание дека живееме за Куратица не само за карневалот туку и за останатите празници. Тука сме да се забавуваме и ја воскреснавме нашата 5 вековна традиција од селото која ја наследивме од нашите прадедовци“.

Ангелоски искрено се надева дека до година и Централната власт финансиски ќе го поддржи карневалот во Куратица, бидејќи овој настан кој годинавга дирекно можеа да го следат и нашите иселеници во странство преку лајф стим интернет, навистина го заслужува тоа. На карневалот присутен беше и Итар Пејо од Приеп кој беше задолжен како водител на програмата а за музичкиот дел ангажирана беше скопската група Екстра Бенд. Првата награда ја поделија две маски „Етно живот“ и „Астерикс и Обеликс“, втората маската „Македонски патриоти – најголеми лопови и третата“, „Вдовиците од мртовечкото сокаче“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top