„Кармина Бурана“ најава за 40 исполнети вечери на фестивалот Охридско Лето

Програмата за ова јубилејно издание покрај шпанскиот спектакл на самото отворање ќе понуди интересни и возбудливи концерти, претстави и изложби.

 |  Мишел Наумоски  | 
ohridsko leto

Со шпанскиот спектакл, прекрасната сценска кантата „Кармина бурана“ на продукцијата Ла фура делс Баус, македонската филхармонија и македонската опера и балет утревечер свечено се отвора 55то јубилејно издание на фестивалот Охридско лето. Сцената на Антички е подготвена да ги угости посетителите, и уметниците кои според директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска ќе приредат концерт за уживање. Јанкуловска потенцира дека овогодинешниот концепт на фестивалот ќе подразбира дека сите вечери ќе бидат настани сами за себе, со свое значење и вредност.

koncerti ohridsko leto„Покрај свеченото отворање кое што зборувавме, ние веќе следниот ден почнуваме со прекрасна театарска претстава која е наградувана во европските фестивали, а ден потоа ни е пијанистот Коробењиков кој после тоа има уште еден концерт во дуо пијано изведба. Со следењето на деновите, еден ден драмска програма, еден ден музичка програма, од типот на камерни состави, од типот на пијанисти, виолинисти, неблагодарно е да ги издвоиме, но ќе го споменам роденденскиот концерт кој традиционално секоја година со хорови го прославуваме роденденот, оваа година со Хауард Госпел хорот што ќе ни дојде од Америка ќе ни биде вистинско освежување.“-вели директорката Јанкуловска.

Самиот почеток на фестивалот и сите вечери исполнети со уметност сепак не се пречка за уште сега да се договараат деталите за наредното 56то издание на фестивалот.

otvoranje ohridsko leto„Тој процес трае една година однапред. Тоа е многу административен процес, и е поврзан со умешноста и можноста која можеме да ја понудиме да бидиме добри преговарачи и да ги обезбедиме финансиските средства за уметниците. Како и што истакнуваме имаме големи амбиции, секогаш сакаме најдобра програма, се трудиме да обезбедиме добар квалитет морам да признаам дека Охридско лето со својата големина и вредност и значење и меѓународен углед ни го олеснува преговарањето. Кога станува збор за Охридско лето и кога ние ќе ја покажеме монографијата што значат 50 години и кога тие ќе видат кои се уметници доаѓале на некои им е чест да настапат тоа ни олеснува.“-вели Јанкуловска.

Покрај свеченото отворање, како особено значајни Јанкуловска ги истакна и настапите на пијанистот Иво Погорелиќ, Евенгеров, претставата „Нашиот клас“ на израелскиот народен театар, но не заборави да спомене дека квалитетот на уметниците и изведувачите на годинешното издание на Охридско лето е толку висок што едноставно уживањето на посетителите ќе биде подеднакво на сите фестивалски вечери. Оваа наша најреномирана културна манифестација свечено ќе биде отворена утревечер на сцената на Античкиот театар со почеток од 21 часот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top