Заводот за кардиоваскуларни заболувања се осовременува

Денеска беше  извршена првата интервенција врз пациент со новата опрема за интраваскуларен ултразвук.

 |  Маленкова Татјана  | 
ultrazvucna operacija
опрација со ултразвук

Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид денес беше извршена првата интервенција врз пациент со новата опрема за интраваскуларен ултразвук која е набавена од Америка. Опремата е набавена со сопствени средства на заводот, а првата интервенција ја реализира поранешниот директор на заводот и актуелен градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески, заедно со доктор Власис Нинос од клиниката Сент Лукс во Солун.
Д-р Бакрачески пред новинарите истакна дека новата техника е современа метода која овозможува ултразвична дијагностика  на коронарните крвни садови, интраваскуларен ултразвук, со кој перфомансите на оваа  лабараторија и тоа како ќе се подобрат.

„Ќе имаме можност да ги подобриме не само дијагностичките перфоманси, во насока на подобро ultrazvucna operacijaразоткривање на стеснувањата на крвните садови на срцето. Запознавање со природата на наслагите на тие стеснувања, присуство на проблематични лезии кои што со обична ангиографија неможат да се видат ќе можат да бидат иследувани со интраваскуларен ултра звук, и воедно ова е метода која што во исто време ќе ја зголеми ефикасноста на процедурите кои овде ќе се изведуваат со оглед на тоа што имаме можност да го одбереме најадекватниот стент, должина на стентот„, истакна д-р Никола Бакрачески.

Новата метода објаснува д-р Бакрачески ќе овозможи да се   увидат проблемите на стентот после неговата имплантација кои со обична коронарографија не можат да бидат видени.  На тој начин при изведување на самата процедура, вели Бакрачески  ќе може да се пристапи кон оптимизација  на резултатот, односно ќе се види евнтуалното покривање на  запушувањата кои со обична коронарографија не можат да бидат санирани.  
Бакрачески упати благодарност до болницата Сент Лукс од Солун и посебно до д-р Васис Нинос, кој што во изминатиов период беше задолжен за едукација на лекарскиот тим во Солун,  но и на дводневната работилница во заводот за кардиоваскуларни заболувања, каде на лекарскиот тим им помага што побезбедно да ги совладаат новите техники.

ultrazvucna operacija„Мојата задача денес е да помогнам во првата примена на апаратот на првите три пациенти, три случаи врз кои успешно беше интервенирано. Се надевам дека ова ќе биде еден многу корисен и моќен инструмент кој ќе ни помогне во решаањето на проблемите при дијагностицирање, а исто така ќе го оптимизира резултатот при сложените зафати на ангиопластика. Во ерата на интервентната кардиологија многу е важно една современа лабораторија да има  интроваскуларниот ултра звучен апарат. Мислам дека напорите кои денес тука се направија успешно се за поздравување. Големо задоволство ми претставува што денес бев тука“, истакна д-р Васис Нинос.

д-р Бакрачески пред новинарите уште еднаш го кажа својот став за просторите на поранешната детска болница. Тој смета дека овој простор е најадекватен за реализација на долгонајавуваната идеја за конечно проширување на заводот за кардиоваскуларни заболувања.  „Познато ми е дека стручен тим од министртвото за здравство работи на проектот за адаптација на зградата во специјалната болница која е карабина и која што долго време не е адаптирана за никава намена. Мислам дека се работи на проектот делот од интервента кардиологија,   интензивна нега, амбулантно поликлиничкиот  дел и општата нега да се префрли во таа зграда, додека делот за рехабилитација да остане во постоечката зграда“, истакна д-р Бакрачески и актуелен градоначалник на Охрид.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top