Караванот за бесплатни совети и мерење на шекер во крвта во Охрид. Под мотото „За здравје се потребни двајца“, оваа акција организирана од страна на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и Министерството за здравство, предизвика огромен интерес, не само кај пациентите со дијабетис туку и кај останатите граѓани.
Идејата на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, е да се преземе една поопсежна акција, со која што не само ќе се мери шеќер, туку ќе се изврши целосен преглед на дијабетичарите, вели Прим Д-р Др. Аврам Ванкоски -Претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на РМ. Ванкоски потенцира дека слоганот на акцијата „За здравје се потребни двајца“ не е случаен. Од една страна е пациентот и тоа едуциран пациент кој треба да знае што докторот треба да му пружи, а вториот е докторот кој треба да знае дека треба да прави комплетни прегледи на овој вид пациенти и повремено да ги праќа на потребните контроли, објаснува примариус Ванкоски.
„Целта е кај луѓето и дијабетичарите да се подигне свеста, да знаат да си ги бараат правата односно да бараат докторот да им пружи се што им следува. Да ги прати на очен преглед, на преглед на нозете, бубрезите, срцето, на сите органи и да му закажва повремена конторла. Да не биде прегледот само пишење на неколку единици инсулин и толку“ објаснува Ванкоски.
Дијабетот прерасна во пандемија која последниве години е и светски проблем. Бројот на заболени во моментов во светски рамки изнесува преку 250 милиони луѓе, а во Македонија има околу 150 000 од кои 36 000 се на инсулин. Од нив 34 000 страдаат од дијабет тип 2, а 2000 се дијабет тип 1. Иако дијабетот претставува болест која не се лекува, со правилна примена на основните постулати за исхрана и физичка активност, тој може да се контролира. Досега караванот помина низ 12 градови од државава, а завршува оваа сабота во Скопје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град