• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Капетанија на пристаништата со обележана пловна зона ќе одредува каде да се движат скутерите

Капетанија на пристаништата со обележана пловна зона ќе одредува каде да се движат скутерите

Од таму не можеа со сигурност да кажат кога ќе ја воведат оваа новина, но велат дека нивна цел е да нема дискриминација на било кој пловен објект кој се движи во езерото.

 |  Мишел Наумоски  | 
gliser
глисер

Капетанијата на пристаништата на Република Македонија бара можни алтернативи за тоа како скутерите и другите пловни објекти да коегзистираат со капачите во Охридското Езеро без да се загрозува нивната безбедност, но и без да се дискриминираат сопствениците на пловни објекти. Можната алтернатива треба да го замени начинот на кој досега Капетанија се справуваше со гарантирањето на безбедноста на сите капачи, но и пловните објекти, односно времено ограничување на пловидбата на скутерите. Капетанот на Капетанија на пристаништата, Горан Устијаноски вели дека годинава имаат доста чиста слика на Охридското Езеро во однос на скутерите, бидејќи според него почитувањето на одлуката за ограничување на пловидбата е задоволително испочитувана. За во иднина вели дека ќе настојуваат пловидбата да ја регулираат со обележување на зони за пловидба.

gliser zoni„Наша интенција е никој на езерото да не биде дискриминран, никој да не се почувствува ограничен. Во нашите планови за следните години е поставување односно обележување на Охридското Езеро со кое што ќе се детерминираат оние дистанци кои што се пропишани, односно 300 метри од брегот на езерото за глисирање на глисери, скутери и останати пловни објекти кои што се движат со поголема брзина. Моментално не можам да кажам дека тоа ќе се случи следната 2015 или 2016та година, меѓутоа со сигурност чекориме кон тоа да се постави такво обележување на Охридското Езеро. Во тој случај ќе биде јасно каде можат да се употребуваат скутерите и глисерите односно каде може да се плови со пловила кои што пловат со поголема брзина.“-вели Горан Устијаноски, Капетан на Капетанија на пристаништата на Република Македонија.

plovni zoniУстијаноски појаснува дека не станува збор за некоја точно одредена патека по која пловилата треба да се движат туку само дистанца од брегот на езерото од која ќе биде дозволено да се плови.

„Пловечките направи, односно бовите кои што треба да се постават, не пропишуваат некоја потесна патека, само детерминираат од која точка кон средината на езерото слободно можете да употребувате такви пловни објекти. Фактички целата средина на езерото 300 метри од брегот од едната страна и 300 метри од другата страна се претвора во еден појас кој е со 15 километри ширина, во кој што можат да се употребуваат сите овие пловни објекти. Нормално, пристапувањето кон брегот би било со минимална брзина која не создава бранови и бука бидејќи мора да биде детерминирано и тоа.“-рече тој.

Од она што се однесува на моменталната ситуација, Устијаноски вели дека постојано вршат контроли на терен и се справуваат со сите недостатоци кои се јавуваат во текот на пловидата на Охридското Езеро. Покрај другото, додава дека од годинава вршат контрола и мерење на алкохолизираноста на оние кои што управуваат со пловни објекти, како и членови на посадата, управувачи на скутери, глисери, чамци. Инаку во моментов во Капетанија на пристаништата се регистрирани околу педесетина скутери.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top