12-те кандидати кои се токмат да седнат на челната фотеља на реномираниот фестивал „Охридско лето“, в понеделник очи в очи со Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.
Апликантите ќе имаат можност лично да ги презентираат своите проекти во врска со фестивалот и своите визии за развојот на истиот. Кандидатите ќе се обидат да ја убедат министерката дека токму тие се вистинскиот избор за директорската функција. Ова за ТВМ го изјавија од Министерството за култура. Инаку на конкурсот кој заврши на 26 октомври пристигнаа12 пријави. Дел од нив се потпишани со имињата на кандидатите кои веќе подолго време се вртат во јавноста како што се Јованчо Секулоски, Наташа Спасеска, Васил Ложанкоски и Стојан Савески. Но, дел од имињата не и се познати на охридската јавност. Во трката за една од најпосакуваните функции во областа на културата се и Климент Недевски, Благоја Петковски, Климент Наумов,Томе Џамтоски, Климент Неделковски, Александра Белевска, Мери Георгиева и Анита Котеска. За сите нив едно е заедничко, тие се активисти на ВМРО ДПМНЕ. Останува министерката да избере, или пак да распише нов конкурс доколку ниту еден од кандидатите не ги исполнува поставените критериуми. Едно е сигурно, изборот треба да се направи час поскоро бидејќи треба да започнат подготовките за 51 издание на фестивалот „Охридско лето“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град