Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска деновиве е зафатена со докажување дека се е валидно околу проектот „Скопје 2014“, па не успеала да види кој се се токми за прв човек на реномираниот фестивал „Охридско лето“, иако конкурсот заврши уште на 26 октомври. Инаку од министерството за ТВМ велат дека пристигнале 12 пријави. Дел од нив се потпишани со имињата на кандидатите кои веќе подолго време се вртат во јавноста како што се Јованчо Секулоски, Наташа Спасеска, Васил Ложанкоски и Стојан Савески. Но, дел од имињата не и се познати на охридската јавност. Во трката за една од најпосакуваните функции во областа на културата се и Климент Недевски, Благоја Петковски, Климент Наумов,Томе Џамтоски, Климент Неделковски, Александра Белевска, Мери Георгиева и Анита Котеска. За сите нив едно е заедничко, тие се активисти на ВМРО ДПМНЕ. Останува министерката да избере, или пак да распише нов конкурс доколку ниту еден од кандидатите не ги исполнува поставените критериуми. Едно е сигурно, изборот треба да се направи час поскоро бидејќи треба да започнат подготовките за 51 издание на фестивалот „Охридско лето“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град