Канализациска цевка чека на санација

Група загрижени граѓани од населбата „Христо Узунов“ реагираа до нашата редакција поради недовршен зафат на ЈП „Нискоградба Охрид“-Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 

Тие велат дека несанирана цевка претставува потенцијална опасност по нивната безбедност, па побараа службите под итно да го решат проблемот. Од контактите што ги направивме со одговорните од “Нискоградба“ дознавме дека отворената канализациона цевка во населбата Христо Узунов е само делумно санирана поради божиќните празници.

На лице место може да се забележи дека зафатот сеуште не е довршен. Извршено е само поставување на привремена цевка. Стапивме во контакт со Ќато Хусеин, раководител на групата за градежништво од ЈП „Нискоградба Охрид“-Охрид кој не информираше дека дефектот е веќе саниран, но дека сеуште треба да се поправа. Дефектниот дел е отстранет и заменет со нов. Се очекува веќе во понеделник надлежните да излезат на терен и да биде извршена целосна санација на цевката. Од ЈП „Нискоградба“ исто така ни посочија дека проблемот е настанат поради несовесноста на граѓаните кои несоодветно го отстранувале цврстиот отпад од своите домови и апелираат за поголема санитарна култура кај граѓаните.

Во меѓувреме ни останува само да чекаме „Нискоградба“ да ја доврши започнатата работа и целосно да ја санира оваа цевка. Отворената дупка претставува опасност за граѓаните кои ноќно време се движат по оваа улица па да се надеваме дека тие безбедно ќе го дочекаат целосното завршување на зафатот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top