Во каналот „Студенчишта“, се запали глисер

Невнимание и неправилно налевање на гориво, се причина за пожарот. Со брза интервенција на припадниците од „Центарот за обука на вода“, беше спречено пожарот да се прошири на останатите пловни објекти.

 |  Крсте Голабовски  | 
TVM
TVM

Пловните објекти во каналот „Студенчишта“ не се безбедни. Вчера во каналот, поради невнимание и неправилно налевање на гориво дојде до опожарување на еден  глисер. Според зборовите на очевидци, причина било прелевање на горивото и предвремено стартување на моторот на пловниот објект, при што дошло до запалување на горивото. Од Охридската капетанија не знаат за случајот, но ја потенцираат потребата од поседување на пренослив противпожарен апарат во секој пловен објект.

„Не сме запознаени со таков случај. Според ЕУ директивите можам да кажам дека задолжително е да се носат преносливи ПП апарати, иако кај нас не е задолжително негово носење.“, потенцира капетан Љупчо Настоски.

Законските прописи за налевање гориво не се усогласени со сегашните потреби на модерното живеење. Прописите се стари и несоодветни. Така во Законот за складирање и заштита од запаливи течности и гасови стои дека станица за снабдување со гориво може да се постави само на место, за кое  претходна согласност ќе даде надлежниот орган за внатрешни работи. Од Охридската капетанија советуваат, налевањето во никој случај да не се врши во каналот.

„Околу точењето на гориво препорачливо е сопствениците на пловни објекти да го вршат на тој начин, што пловниот објект ќе се стави на приколка и ќе се донесе до најблиската пумпа или станица за точење на гориво.“, додава капетан Настоски.

При вчерашното запалување на глисерот е избегната трагедија од поголеми размери. Само со навремената  интервенција на присутните како и припадниците на центарот за обука на вода е спречена катстрофа.

Пловните објекти во каналот од ден на ден стануваат  се побројни. Податоците од Капетанија укажуваат дека  бројот на глисерите е околу 130. Пренатрупаноста со пловни објекти на овој и онака мал простор, и секојдневното, несоодветното налевање на гориво се темпирана бомба која може да заврши со голема трагедија. Надлежните треба што поскоро да реагираат, изградбата на марина и не е така лоша идеја.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top