Кампањата на ЕВН за енергетска ефикасност ги научи граѓаните да штедат

Најсакпата енергија е онаа која што залудно ја трошиме, а најефтината е онаа која што ја заштедуваме, велат експертите. Прв чекор за енергетска ефикасност се најновите иновативни техники, како и промената на секојдневните навики.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Активностите за заштеда на енергија зависат од нас. Продолжува платформата „Со примена на енергетската ефикасност во домовите до намалени трошоци и квалитетен живот. Охрид домаќин на работилницата за медиумите, чија цел е поголема едукација на јавноста за потенцијалите од примена на енергетската ефикасност. Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер, рече дека темата за енергетска ефикасност е многу важна и секогаш од неа може да се научи нешто ново. Тој посебно ја истакна улогата на кампањата од едукативниот серијал Енергетска математика, преку кој со примена на советите граѓаните учат да штедат.

„Најскапата енергија е онаа енергија е онаа која што залудно ја трошиме, а најефтината енергија е онаа што ја заштедуваме. Нашето семејство ни објасна на многу едноставен начин како да се постигнат заштеди на енергија со изолација, со воведување на промена на уредите. Но тоа е само еден мал чекор на нашиот долг пат, кој што ќе го продолжиме заеднички со Агенцијата за енергетика “ – изјави Петер.

Енергетските контроли во домовите и нивната категоризација исто така е важен чекор за поголема застапеност на енергетската ефикасност. Тоа во реалност значи конкретен исчекор на полето на енергетската ефикасност, потенцираше Александар Дукоски, директор на Агенцијата за енергетика на РМ.

„Фокусот на оваа програма е да ги едуцираме граѓаните и сопствениците на компаниите дека најдобро е да се штеди не само заради сметките што ги имаат туку генерално да го подобриме квалитетот на живот во Македонија. Ќе го намалиме увозот на енергија, ќе можеме да бидеме што е можно поодржливи во нашето делување и во нашиот живот така да целата идеја е овде да ги прикажеме практичните примери како тоа се прави“.

Платформата за енергетска ефикасност, ЕВН Македонија со своите партнери ја започна во 2012 год. Досега одржани се низа едукативни работилници на граѓани, компании, студенти. Оваа платформа доби национална награда за општествена одговорност. Работилницата за енергетска ефикасност во домовите како дел од платформата ја организира ЕВН Македонија, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top