Камион пропадна на Железничка

Жителите се видно револтирани затоа што изведувачот на градежните зафати „Илинден“ не превзема ништо за нивната безбедност.

 |  Татјана Маленкова  | 
kamion
камион

kamionИнцидент на улицата Железничка. При градежните зафати, камион од градежната фирма „Илинден“ која ги изведува активностите претпладнево се преврти во дупка во патот во која во тој момент имало работник. За среќа избегнат е посериозен инцидент и повредени нема.

Жителите од оваа улица раскажуваат дека до инцидентот дошло кога врз работникот кој работел во еден од ископите се превртел камион и паднал директно врз него. Работникот се здобил само со лесни повреди благодарение на брзата интервенција на жителите кои веднаш реагирале и го извлекле од ископот во кој работел.
Жителите од бараките видно револтирани велат дека не се чувствуваат безбедни ни на улица ни дома. Фирмата која работи нема  организирано ништо за да се чувствуваме безбедни, додаваат тие.

propadnat kamionГраѓаните реагирале и до  раководните лица од јавното претпријатие за стoпанисување со стамбен и деловен простор, поради тоа што и по неколкуте  телефонски јавувања сеуште не нашле за сходно да дојдат и да ги посетат. Тие бараат од Владата и премиерот конечно да им ги додели ветените социјални станови. Доколку тоа не се исполни, најавуваат дека со протести ќе ја попречат работата на оваа сообраќајница.
Со цел да дознаеме поради што  денеска дошло до инцидент на оваа улица, се обидовме да стапиме во конаткт со одговорните од Илинден. Од таму ни рекоа дека изјава за медиуми  може да дава само директорот ,а тој моментално се наоѓал  на службено патување.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top