Интересно откритие на само еден километар воден пат од летниот камп Љубаништа. На самото крајбрежје низ густата вегетација срамежливо ѕирка карпа во форма на желка. Живописната карпа е природна формација и многу брзо ви го привлекува вниманието. Се чини и природата застанува на наша страна во обид да се привлечат што повеќе туристи. Па кога тешко успеваме да ги привлечеме туристите на други начини, зошто да не се обидеме и вака? Карпата се наоѓа покрај фреквентните води на Охридското езеро кои често ги минуваат бродовите кои носат туристи до туристичките населби. Лесно е достапна па доколку бродарите имаат волја, би можеле да застанат во близина на карпата како туристите полесно би ја виделе оваа нова природна атракција. Којзнае, можеби веќе од утре локалното население ќе измисли некоја интересна приказна која ќе се прераскажува, па како чудовиштето од Лох Нес секоја година ќе ги носи туристите во Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град