Калфите се враќаат во дуќаните. После цели 20 години, занаетчите не треба да ги прикриваат калфите, бидејќи во новиот предлог закон за занаетчиска дејност што го изготви Министерството за економија е вметната и оваа категорија на работници.
Голем чекор за занаетчиството, калфите, односно чираците се враќаат во дуќаните. Претседателот на регионалната занаетчиска комора Сашо Богоевски, вели дека задоволни се што Министерството за економија покажа разбирање и направи напори, нивните барања да ги стави во законска рамка.
„За прв пат во последниве 20 години во законот се вметнати и калфи. Она што ние упорно го баравме, ајде да кажам една од моите големи заслуги тука и успеавме калфите да ги вметниме во законот, јас барав три години калфите да учат занает, предлогот на Министерството за економија во новиот закон е една година со паричен надоместок кој ќе го исплаќа Владата на Р. Македонија преку Агенцијата за вработување. Тоа е голем чекор напред за занаетчиството“– вели Богоески.
Калфите досега не беа вметнати ниту по еден основ, ниту закон и претставуваше голем проблем за занаетџиите, вели Богоески. Додава дека голем дел од занаетџиите досега ги прикриваа калфите но отсега па натаму со новиот закон за занаетчиска дејност тоа ќе се легализира.
„Работодавецот односно занаетџијата ќе распише јавен повик за побарувачка за оној занает кој го работи за ученици. На јавниот повик пријавените тие кои што че работат ќе добиваат паричен надоместок 15% од просечната палата изминатата година за истиот месец. Тоа е предлогот на Министерството за економија ние занаетџиите сме во целост задоволни“-нагласи Богоески.
Внесувањето на калфите во Законот за занаетчиска дејност треба да претрпи уште некои измени и дополнувања нагласува Богоески. Додаде дека цело време е во тек и лично учествува во се досега што е кажано во врска со тој закон и очекува најдоцна до месец јуни законот да биде изгласан во собраниска процедура и донесен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град