Ма какви казни, дај да запалиме по една

Ниту охриѓани, ниту стужани не го почитуваат Законот за заштита од пушење.

 |  Крсте Голабовски  | 

Драконските казни од 100-4.500 евра остануваат, толеранција нема да има за никого, па кој сака нека повели, велат од Одделенијата за инспекциски надзор од Охрид и Струга. Но, изгледа беше потребен само еден месец за во целост да се промени сликата за тоа колку се почитува Законот за забрана од пушење кај нас. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор од Охрид, Ѓорги Бошалески вели дека во Охрид само за еден месец се извршени преку 100 надзори и констатирани се голем број на кршења на овој закон. Раководителот Бошалески додава дека контролите се вршат секојдневно и во сите угостителски објекти, а посебно се нагласени во ноќните клубови.


Бошалески потенцира дека законот постои, истиот е во функција и ние сме должни да го спороведеме. Секаде каде во моментот на надзорот ќе затекнеме негово кршење, се пишуваат казните. Но, тоа не значи дека ДПИ ќе престане со контролите, напротив се воведуваат дежурни служби кои и во претстојниве празници ќе работат на истата проблематика, дециден е Бошалески. Ништо подобра не е ситуацијата и во Струга. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор од Струга, Надица Николовска, согласна, овој закон не се почитува во целост.

Изгледа дека ништо не ги плаши нашите угостители. Некои од нив дури се дрзнаа пред новогодишната ноќ отворено да кажат дека нема да го почитуваат овој закон во интерес на посетеноста. Сведоци сме веќе на првите потешкотии во спорведувањето на овој закон кој на хартија многу ветуваше. Но, сепак Македонија е втора земја во Европа по бројот на пушачи. Така, само на годишно ниво, македонците  консумираат околу 11 илјади тони цигари, што значи дека во просек, еден македонец пуши по пет и пол килограми цигари годишно. Според овој закон се забранува пушење во одредени јавни простории, рекламирање на цигари, а се уредува и заштитата од штетните дејства на пушењето тутун и други производи од тутун врз граѓаните, како и зачувувањето на здрава животна средина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top