2016та година си заминува. Запрашавме што таа донесе и по што ќе ја паметат некои од личностите од јавниот живот во Охрид. Генерално сите ја оценија како турбулентна година која донесе повеќе тешкотии од убави работи. Сега сите надежи се свртени кон новата година.
Ги одбројуваме часовите од 2016та. За некого година која ќе ја памети, а за некого година која сака што побрзо да ја заборави. Многу настани ја одбележаа годината на одминување, од политички турбуленции во државаа, протести, контрапротести, избори, културни настани, кои поуспешни кои помалку, спортски настани со издвојување на Олимпијадата и многу други.
Како некои од личностите од јавниот живот во Охрид ја доживеаја 2016 и по што ќе ја паметат?
Оваа година е една од потензичните на политички план кога политичката криза доживеа кулуминација и после овие предвремени парламентарни избори. Сметам дека и после овие избори многу прашања не се решени, но да се надеваме дека 2017та ќе е подобра на тој план и ќе даде едно ново светло на политички план. Се надевам дека и за Охрид нареднава година ќе биде многу поуспешна бидејќи веќе десет години тапка во место и се уназадува како град, а охриѓани се помасовно за жал го напуштаатвели советникот Јоне станкоски.
Годинава што поминува беше многу турбулентна и беше создадена една клима која сите нас лично не погодуваше, таа длабока политичка криза сите не вознемири. Јас навистина се надевам дека нема барем скоро да имаме година која ќе биде исполнета со таков вид на случувања што не значи дека не се случуваа и убави работи и не се реализираа и убави проекти, си гурно граѓаните и на личен план доживеаја убави моменти, но сепак белег ќе остави политичката криза во државава, вели претседателката на совет Гордана Коњаноска.
За мене лично беше доста успешна година. Имавме доста успешни проекти преку Организацијата за заштита на потрошувачите. И на приватен план 2016 ми беше успешна година. Има секако и негативни настани, но јас сакам да се сеќавам на тоа што е позитивно, вели Вангел Спироски од ОПМ.
Па година како година. Од еден до десет можам да ја оценам со 6 према 7. Мене лично ќе ми останат во сеќавање неколку планинарски подвизи. Политичкиот момент не ме интересира, ако треба да сум искрен политиката во државава не ми се доапаѓа веќе 25 години бидејќи никој ништо нема направено, на културен план имаше неколку интересни настани, а многу ми се допадна што ја забранија македонската музика, саркастично вели шоуменот Жанко Голабоски.
Задоволни или не 2016та ќе ја испратиме. Сите мисли сега се насочени кон новата година која доаѓа. Секој посакува таа да биде поуспешна од оваа и да ни ги реализира желбите кои си ги имаме замислено. Дали има реални шанси за тоа ќе видиме допрва.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град