Каков туризам сакаме

На прсти може да се избројат агенциите кои носат туристи во државава и градов. Наспроти тоа се побројни се оние кои организираат тури во странство. Каков туризам развиваме и до кога домашните пари ќе завршуваат во туѓи џебови, а странски кај нас нема ни за лек.

 |  Билјана Николовска  | 
naslovna
насловна

turisti

На прсти може да се избројат агенциите кои носат туристи во државава и градов. Наспроти тоа се побројни се оние кои организираат тури во странство. Каков туризам развиваме и до кога домашните пари ќе завршуваат во туѓи џебови, а странски кај нас нема ни за лек.

Туристичките агенции во Македонија во последно време се повеќе организираат тури во странство, а се помалку носат гости кај нас. Наместо во земјава да се влеваат странски средства, нашите завршуваат кај соседите или во некоја подалечна дестинација. Се помалку агенции се занимаваат со „incoming“ туризам. Туристичките работници велат дека овој вид на туризам бара долгорочен ангажман. Само така странските туроператори стануваат сигурни партнери и носат гости кај нас. Некои од сопствениците на  туристичките агенции во градов покрај што се жалат на големиот број пропусти во туризмот за кои треба да се погрижи државата , реагираат и на нерешеното прашање со нелојалната конкуренција.
Од друга страна пак, во градов постојат туристички агенции кои јасно ја имаат дефинирано својата определба. Работат само со “incoming“ туризам.

Филип Стефаноски, менаџер на туристичка агенција вели дека од овој вид на туризам целата земја остварува добар бенефит. Тие работат со Турција и според Стефановски таа земја комплетно ги искористува туристичките понуди во текот на цела година, а не само во сезона.
СтефаноскиСо „incoming“ туризам веќе години наназад се занимава и Димитрија Башоски. Тој работи со гостите од Холандија за кој се смета дека се традиционални посетители на Охрид. Башоски вели дека со овие гости веќе седум години активно соработува и се дел од неговиот семеен бизнис. Во Пештани има Холандска инклава и на гостите им го нуди алтернативниот туризам. Тој веќе ги најави првите холандски гости кои утре ќе слетаат на скопскиот аеродром. Летови со кои ќе доаѓаат холанѓаните ќе има секој четврток се до средината на октомври. Башоски потенцира дека тие одлично го прифаќаат се она што ќе им се понуди во туристичката агенда која е исполнета со многу екскурзии.
Со чест на исклучоците, но сепак останува впечатокот кај охриѓани  дека на туристичките агенции полесно им е да рекламираат и понудат атрактивни туристички дестинации надвор од земјата, а сосема малку се залагаат за развој на туризмот на домашно поле и привлекување гости кај нас. Тие додаваат дека  крајно време е да се смени ваквиот тренд и во државава конечно да почнеме да развиваме туризам во вистинска смисла на зборот.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top