Каков е квалитетот на храната што ја конзумираме?

Дали контролираната примена на пестицидите и другите активни материи е гаранција за нејзината безбедност?

 |  Крсте Голабовски  | 

hranaПред година и пол, надлежните институции воведоа забрана за десетина препарати кои македонските земјоделци ги користеа со години наназад. Дали овој чекор е доволен за реализација на интегралното производство на храна кон кое се стремиме? Се наметнува и прашањето колку со ова ќе се внимава на безбедноста на храната? Станислава Лазаревска, претседателот на Здружението за заштита на растенијата во РМ, изјави дека ретки се државите во светот кои со органско производство на храна би можеле во целост да ги задоволат потребите за храна на национално ниво. Kај нас овие потреби никако не би можеле да се задоволат со нејзино органско производство и покрај релативно чистата животна средина, со која предначиме меѓу земјите од регионов.

sovetuvanjeЛазаревска додаде дека, пречестата и неправилна примена на пестициди и други активни материи, може да доведе до појава на несакани и опасни резидуи од пестициди во храната, со што таквата храна станува опасна за консумација. Земјоделците пак велат дека пестицидите пропишани според стандардите на ЕУ се далеку поскапи, а македонскиот стандард е низок. Додаваат дека со исфрлањето од употреба на овие пестициди ќе биде доведено во прашање и опстанокот на одредени култури кај нас. Директорот на Фитосанитарната управа, Ментор Зеќири изјави дека кај нас се спроведуваат сите директиви и регулативи на ЕУ и се применуваат во пракса, водејќи грижа за заштита на здравјето на граѓаните и растенијата во земјоделското прозиводство.

На јубилејното 35-то Советување за заштита на растенијата во Република Македонија, посебно место завзеде обезбедувањето на доволни количини квалиетна и безбедна храна за граѓаните на РМ. Присуствуваа претставници на неколку научни институции од земјава и фирми производители на пестициди како и од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Сепак изостана присуството на претставници од Дирекцијата за храна, а и на оние најповиканите, земјоделците.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top