Како до вистински бизнис избор

Можат ли македонските мали и средни компании да ги пронајдат вистинските бизнис партнери во Европа и регионот?

 |  Крсте Голабовски  | 
regionalna konferencija
Регионална конференција

Можат ли македонските мали и средни компании да ги пронајдат вистинските бизнис партнери во Европа и регионот?

regionalna konferencijaИако постојат толку многу можности за партнерства, информации за фондови, иницијативи и проекти, сепак се потребни големи предзнаења и вложување на многу напор. Enterprise Europe network или мрежата на бизнис можности, преку Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, им овозможува на малите и средни претпријатија бесплатно да започнат соработка со друга компанија од регионот како и од Европа, вели Бернард  Делакур, од Европската агенција за конкурентност и иновации.

„Идејата со оваа мрежа е многу поедноставена, бидејќи компаниите во Македонија, може да се обратат до било кој од партнерите на македонскиот конзорциум, да ги кажат потребите кои ги имаат и како да најдат соодветен бизнис партнер во Европа, бесплатно“, потенцира Делакур.

regionalna konferencijaДелакур информира дека на овој начин, луѓето од Европскиот информативен и иновативен центар во Скопје ќе може да дојдат во контакт со локалните мали и средни компании, да видат кои се нивните потреби и барања и што може да им се понуди. Виктор Стојманоски, проект менаџер на овој македонски конзорциум, вели дека македонските претпријатија се најмногу заинтересирани за комерцијална соработка, посебно за начините на финансирање како и за трансферот на технологии.

„Нашите компании се нови на тоа подрачје и се интересни, но и нашите компании треба да покажат малку поголем интерес кон соработката“, додава Стојманоски.

Преку овој конзорциум, заинтересираните македонски мали и средни фирми ќе може да добијат бесплатни информации за европскиот пазар, оптимални бизнис партнери во ЕУ, како до финансирање од ЕУ фондовите. Исто така преку информативниот и иновативен центар македонските фирми ќе може да ги комерцијализираат своите иновации, да најдат технолошки партнер, како и да остварат трансфер на технологии. Во Македонија најзаинтересирани се од фирмите од металопреработувачката и текстилната индустрија. Мрежата на бизнис можности, или Enterprise Europe network е најголемата меѓународна организација распространета во повеќе од 40 држави, во која учествуваат над 600 партнерски организации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top