Како до потребните финансиски средства?

Странци сеуште ги учат македонските бизнисмени како да дојдат до финасиски средства.

 |  Валентина Неловска  | 
finansii
финансии

finansiiСтранци сеуште ги учат македонските бизнисмени како да дојдат до финасиски средства. За нашите бизнисмени  финансискиот систем преставува лавиринт. Се поставува прашање дали и до кога нашите компании ќе имаат потреба за да дојдат до финасии,  да користат посредство од Усаид и слични агенции.  
Во моментов мал е бројот на охридските бизнисмени заинтересирани за вложување во сериозни инвестициски проекти. Поголем дел од нив бараат помош од банките за измирување на обврските кон клиентите и државата. Оние што имаат, пак, некаков интерес за бизнис вложувања не се доволно информирани за можностите и условите на кредитирање од страна на банките. Охридските стопанственици имаат најголема потреба од ликвидни средства за краткорочно кредитирање нагласува Вецко Симјаноски од Социете женерале гроуп – Охридска банка.  
Бизнисмените од југозападниот регион, денес имаа можност да се информираат како успешно да дојдат до финасиски средства. Преставниците од водечките банки и финансиските институции ги презентираа своите финансиски производи и услуги. Најчесто компаниите не се информирани како да дојдат до финансиските производи велат организаторите на денешната конференција „Успешен пристап до финасии“, од Проектот на конкурентност на Усаид и Агенцијата за поддршка и претприемништво, поддржана од Австриската развојна агенција. Од досегашното искористување на можностите од оваа платформа, веќе се покажале и резулатати. Досега 60 македонски компании,  покрај сопствените 10 милиони долари, добиле 20 милиони долари, или вкупно 30 милиони долари, вработиле 707 лица и оствариле извоз од 12 милиони долари што не е малку во овие кризни времиња вели проект менаџерот за проектот на конкурентнсот на Усаид, Маргарета Липковска Атанасов. Таа смета дека главна пречка  што  компаниите не ги користат доволно овие финсиските можности е нивната незаинтересираност за финасиски консалтинг.
Целта на овие досега одржани кампањи е да се подигне  свеста на претприемачите од користењето на финасиски инструменти и алтернативни финасии, како што се лизинг или фактуринг, покрај класичното кредитирање на банките. Констатација од денешната конференција е дека стопанствениците бараат поповолни кредитни линии, но во моментов се незадоволни од условите на кредитирање. Заинтересирани се и за уредување на законската регулатива во фактуринг услугите, со кои ќе се осигураат побарувањата од клиентите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top