Како да се искористат парите од европската унија беше темата на средбата на заедничкиот консултативен комитет за регионот на ЕУ и Македонија.
Како да се искористат парите од европската унија беше темата на средбата на заедничкиот консултативен комитет за регионот на ЕУ и Македонија.
На денешната заедничка средба на заедничкиот консултативен комитет за регионот на ЕУ и Македонија, се разменаа искуства како да се искористат средства од европските фондови. На средбата покрај македонски преставници од локалните самоуправи, министерот за локална самоуправа , шефот на на мисијата на ЕУ Ервен Фуере , учествуваа и преставници на локалните самоуправи од Грција, Данска и Германија.
Акцент на денешниот втор состанок беше ставен како Македонските општини со програми и заедничка соработка да ги искористат ИПА фондовите рече ресенскиот градоначалник, Димитар Бузлески.
Министерот за локална самоуправа Муса Џафери даде подршка на Комитетот и укажа на потребата од зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи во регионот и создавање на солидарност помеѓу општините.
Членот на заедничкиот консултативен комитет на регинот на ЕУ , Бодкер Андерсен истакна дека го подржуваат членството на Македонија во ЕУ , но потенцира дека Комитетот не се занимава со оваа прашање.
Комитетот на региони на ЕУ е тело кое во кое членуваат преставници од локалните власти на земјите членки на Унијата. Заедничкиот консултативен комитет, пак е тело преку кое локалните власти во Р.Македонија како земја кандидат ја оставруваат соработката со Комитетот на региони на ЕУ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град