Како Општина Охрид ќе менаџира со државното земјиште?

Објектите од јавен интерес, како пазарите, автобуската станица и катните гаражи ќе се менаџираат со јавно-приватно партнерство. Плажите пак, ќе се даваат под краткорочен закуп, заедно со времените објекти и урбаната опрема.

 |  Крсте Голабовски  | 
shankovi
шанкови

shankoviОпштина Охрид ја изработи програмата за менаџирање со државното земјиште. Во програмата е определено просторно, како ќе се менаџира земјиштето после добивање на согласноста во неколку делови. Така, ќе има земјиште кое ќе биде отуѓувано, земјиште кое ќе биде давано на долготраен и краткотраен закуп и земјиште реализирано со јавно-приватно партнерство, но строго по урбанистичките планови, објаснува раководителот на секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој, Бранко Арнаудов.

„За јавно-приватно партнерство се предлагаат оние објекти кои се од јавен карактер, како катните гаражи, автобуската станица, пазарот. Сметаме дека овие објекти треба да се реализраат со јавно приватно партнерство, бидејќи се од јавен интерес за граѓаните и може да носат прилив на средства за општината и тоа долгорочен прилив“ објаснува Арнаудов.

Но, за овие специфични објекти, за секоја локација се започнува нова постапка. Се испитуваат имотно-правните односи, па согласно Законот за градежно земјиште се носи уредба за висината на цената на земјиштето кое е предмет на продажба или предмет на јавно-приватно партнерство. Цената пак, ќе зависи од зоната во која објектот се наоѓа, објаснува Арнаудов.
Што се однесува до управувањето со плажите, во тек е измената на Законот за градежно земјиште со кои ќе се решат проблемите околу располагањето со плажите. Со измените на овој закон ќе се дефинира начинот на управување,располагање и менаџирање со овој атрактивен дел државно земјиште. Но, најатрактивниот крајбрежен појас, останува недостапен за градба. Охридскиот градоначалник, Александар Петрески, најавува реакција.

shankovi„Сигурно дека ќе реагирам, за најатрактивниот дел од крајбрежјето, ќе реагираат и граѓаните бидејќи согласно законот со природните богатства ние општините треба да располагаме ние општините, зошто ние најдобро можеме да стопанисуваме со своето. Ова се политички игри, нас не ни се дава најатрактивното“ вели охридскиот градоначалник.

Што се однесува крајбрежјето согласно Законот за води 50 метри од обележаната кота на водостојот не е дозволена градба на објекти. Веќе изградените објекти на тој простор остануваат во таа форма. Дури иако со УП на тој прстор е планирана градба истата нема да може да се гради, велат од урбанизам.  Од Министерството за Транспорт и врски пак, информираат дека согласно Законот за градежно земјиште, општината ќе може дауправува со целокупното градежно неизградено земјиште кое е во сопственост на Република Македонија, но кое се во границите на општината.Со оттуѓување ќе се зема земјиште најмногу за хотелски и угостителски објекти, стамбени згради и семејни куќи. Тоа ќе биде еднократен прилив од продажбата на земјиштето. Под долгорочен закуп на земјиштето, ќе биде за училиштата за основното и средното образование и дел од објектите за здравствена заштита кои ќе бидат под ЛС. Процентот на продажбата останува ист 80% во општина 20% во државната каса.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top