Младите луѓе можат да се образуваат и емигрираат во Австралија. Досега компанијата „Аустралија стади кеар“, на 16 000 студенти им овозможила образование во оваа прекуокеанска земја, а дури 60 до 70%, од нив станале нејзини државјани.
Како младите луѓе да се образуваат, дообразуваат, да станат светски граѓани и легално да се вработат. Во Охрид беше извршена презентација на програмата за школување, обезбедување работа и емиграција во Австралија. Никола Митрески, претставник на австралиска компанија, рече дека со оваа програма веќе започнале од Битола како познат печалбарски град и младите од Битола покажале голем интерес. Додаде дека заинтересираност имало и кај младите охриѓани.
„Во Охрид имаме голем интерес заради тоа што имаме многу млади луѓе кои што сакаат да го видат светот и во соработка со неколку агенции од Охрид и Струга ја нудиме таа програма. Нашата цел е да направиме еден нов вид на печалбари, кои ќе бидат образувани, ценети во светот, во својата работа со можност да работат во целиот свет. Нормално доколку сакаат а треба своето искуство и знаење да го вратат во својата земја,можеби како инвеститори и како помош во одредени проекти“– вели Митрески.
Врската која директно ќе ве однесе до посакуваниот образовен центар во Австралија е битолчанецот Александар Маркоски, кој живее и работи во Австралија. Тој вели дека за 15 години откако работи во компанијата АСК помогнале на 16 000 студенти од кои голем дел некаде околу 70% се стекнале со австралиско државјанство, преку студирање во оваа земја.
„Во последните 10 години не смее да има прекинато со образование но независно од тоа иако некои прекинале со образование биле дел од некои курсеви за подобра кариера и таквите кандидати може да имаат шанса да бидат дел од австралиското образование“– изјави Маркоски.
Најважно според Маркоски е тоа што посредувањето за апликација на студенската виза е бесплатно. Оваа компанија опстојува цели 15 години благодарение на големиот интерес на студенти кои на годишно ниво ги има околу 1600, односно од истите добиваат минимална провизија од сите колеџи и универзитети во оваа прекуокеанска земја примамлива за младите луѓе.
{laodposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град