На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид денеска се одржа јавна трибина на тема „Информирање на потрошувачите за можностите за електронско тргување и заштита на нивните права“, во организација на Здружението на потрошувачи на Македонија. Студентите слушнаа неколку начини како да бидат безбедни онлај како потрошувачи.
Во денешно време се повеќе се слуша гласот на потрошувачите, кои што бараат дигиталните играчки посебно оние за децата да бидат со многу пострикни и појаки стандарди во поглед на базата на податоци. Денес на Факултетот за туризам и угостителство, претставници на организацијата на потрошувачи на Македонија одржаа јавна трибина на која пред студентите презентираа начини, како да го направиме дигиталниот пазар пофер за потрошувачите. Претседателката на ОПМ Маријана Лончар Велкова се осврна на тоа што значи интернет купувањето кај нас, а што во светот. Таа нагласи дека нашата правна регулатива е доуредена со потрошувачкото право на ЕУ, но дека е потребно истата уште многу да се доуредува.
„Затоа во подготовка е нов Закон за потрошувачите до крајот на оваа година и стратегија за заштита на потрошувачи и ние бевме едни од иницијаторите до министерството тоа да се направи. Сметаме дека со овие законски прописи кои што се транспонираа во 2014 година, а директивата за потрошувачките права во нашиот закон за потрошувачи се регулираше подобро купувањето на далечина, а тоа е он лине купувањето, договорот на далечина времето на откажување кое е 14 дена и кое што секој оној кој што нуди одреден сајт одредени свои производи, отворил он лине продажба мора да го почитува. И мора да се знае на кој начин формуларите за откажување од договорот без образложение се изработени од министерството за економија исто така и тие мора да бидат пласирани на продажбата и ако не се пласирани тоа веќе е првиот аларм дека нешто не е во ред“.
Деканот на Факултетот за туризам и угостителство проф. Цветко Андрески истакна дека денешната јавна трибина е одлична можност за подобро запознавање со претставниците од Организацијата на потрошувачи на Македонија, како и можност за идна соработка.
„Тие се прилично активни во аплицирање и работа на проекти исто како и ФТУ. Во иднина очекуваме заеднички да работиме не само на вакви настани кај што се прави дисеминација на знаење, на вештини, туку и заедничко учество на национални и меѓународни проекти“. Она за што разговаравме се можностите за заеднички настап на идни проекти.“
Познато е дека интернетот нуди огромен спектар на можности и избор. Лесно можеме да се поврземе и комуницираме со семејството и пријателите од целиот свет, да го извршиме нашето неделно пазарување и да го спроведеме плаќањето на нашите сметки со еден клик заштедувајќи време и пари. Но сепак со повеќе злоупотреба на лични податоци онлајн, ризиците од крадење на идентитетот, хакирање, уцена и измама се зголемуваат велат од ОПМ.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град