„Како ќе се развива Галичица?“

Галичица и нејзиниотв развој тема на дебатата која се одржа во организација на ДОМ и „Зелениот институт“, со поддршка од холандската фондација Bureau de Helling. Експертите, невладините организации, еколошките друштва и ДОМ се изрично против било какви зафати во нациомналниот парк. Велат дека и покрај нивните реакции институциите молчат и се обидуваат да ги протуркаат проектите за изградба на експресен пат и хотелски капацитети, поведени од лични интереси.

 |  Јаковлева Лионела  | 

„Како ќе се развива Галичица?“ Ова прашање беше поставено на денешната јавна дебата која  се одржа во организација на ДОМ и „Зелениот институт“, со поддршка од холандската фондација Bureau de Helling. Загрижени од најавите за изградба на експресен пат кој ќе поминува низ националнуиот парк како и градбата на хотелски комплекси кои ќе го наруѓат биодиверзитетот на оваа наша планинска убавица, повеќе експерти еколкогисти и подржувачи на иницијативата Галичица да се задржи во овај облик во кој што е сега јавно ги искажаа своите ставови против било кави градби и бетонски зданија.

Ние како зелена партија сметаме дека сето тоа е недозволиво и не смее да се чепка во националниот парк бидејќи на тој начин тој ќе го изгуби неговиот статус. Ќе бидат нарушени неговите природни убавини поради кои доаѓаат туристите  бидејќи градби и бетонски ѕидови можат да видат насекаде, а оваа убавина ја нема никаде, вели Лилјана Попоска, претседателката на ДОМ.

Илина Арсова од „Охрид СОС“ кажува дека дискусиите на оваа тема се правени во повеќе наврати. Институциите го имаат слушнато гласот на народот и на некои невладини организации кои со аргументи докажуваат зошто на Галичица не треба да се гради. Тука се и ставовите на експертите, но сето тоа некој го негира и преминува преку фактите туркајќи ги проектите за некои мегаломански градби во националниот парк.

Надлежните институции поведени од лични интереси и понатаму си тераат по свое, а тоа е многу неодговорно бидејќи одат против волјата на народот. Европа ни сугерира да не правиме грешки и да учиме на веќе направение, а ние упорно ги повторуваме истите. Тоа не води кон просперитет во државава туку сите нас не уназадува, вели Арсова.

На јавната дебата акцентот беше ставен на можните решенија и одржливи начини на развој на регионот. Ана Чоловиќ-Лешоска од „Еко-свест“ ги образложи нивните визии за економски развој на Галичица без при тоа да се наруши нејзиниот единствен биодиверзитет. Тие имаат концепт како тоа би се извело.

Концептот подразбира санирање и одржување на патната инфраструктура, поставување велосипедски патеки в долж езерото за што има идеални услови, подобрување на јавниот транспорт и се она што придонесува за неуништување на природата посебно на националниот парк за што ние се залагаме, вели Ана Чоловиќ-Лешоска од „Еко-свест“.

Овој настан даде можност присутните да се информираат за состојбите и плановите со Галичица и воедно да го изразат своето мислење по ова прашање. Организаторите велат дека овие средби не застануваат. И понатаму ќе се дебатира на оваа темаи ќе се инсистира институциите да не замижуваат пред вистината.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top