Како фунционира локалната без градоначалникот?

Отсуството на градоачалникот ги забави работите во локалната самоуправа. „Проблемите се натрупуваат, а граѓаните мора да знаат што се случува“, вели претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aleksandar Petreski
Петрески

Отсуството на градоачалникот ги забави работите во локалната самоуправа. „Проблемите се натрупуваат, а граѓаните мора да знаат што се случува“, вели претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

Atanasko Mihailov„Во овој момет локалната е во длабок зимски сон, советот не работи, седници нема, планови за наредната година нема, никакви извештаи за тоа како ќе се реализира буџетот, нема програма за туризам , за локален економски развој, едноставно во моментов општината како да не фунционира. Пред Нова Година градоначалникот на вработените им подели К15 по 12 000 денари, а советниците ги распушти со 4 неисплатени паушали“, вели Атанаско Михаилов, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на ОК апелира граѓаните да бидат запознаени со се што се случува во локалната самоуправа. „Ние наредните денови ќе излезиме со прашања, за кои ќе бараме конкретни  одговори, затоа што службите од кои функционирањето на градот мора непречено да работат“, вели Михаилов.

„Советот ако не градоначалникот одма ги прекинува седниците. Очигледно внатрешните пазарења се поврзани преку градоначалникот. Се стопираше изборот на локални урбани заедници. факт е дека сите работи ги поврзуваше градоначалникот. Тој не е тука и сега што ќе ја блокираме локалната?, прашува  Михаилов.

Спротивно на овие обвинувања од локалната самоуправа тврдат дека и покрај отсуството на градоначалниот работите во локалната течат според однапред предвидената динамика.

„Очигледно и натаму се потврдува практиката на ОК на ВМРО од Охрид , а особено на претседателот Атанаско Михаилов, низ медиумите да се дисквалификува личноста на Градоначалникот Александар Петрески и работата на Општина Охрид“, стои во дописот на локалната самоуправа кој воедно и беше одговор на прашањето поставено од наша страна.  Во продолжение стои дека Првиот човек на ВМРО- ДПМНЕ треба да знае дека општината има раководители на сектори кои во договор со градоначалникот Петрески секојдневно и целосно со нивните служби ги вршат работните задачи и не се во зимски сон, како што малициозно сака да рече Михаилов.

Доколку Михаилов има добра комуникација со советничката група на ВМРО- ДПМНЕ тогаш треба да знае дека Советот на општина Охрид имаше седница во месец јануари и дека интензивно се подготвува и следната седница. Следуваат интензивни консултанции околу утврдувањето на дневниот ред за февруарската седница  на која ќе се најдат и извештаите за реализација на програмите во 2010 година.

Сепак мора да признаеме дека одредени служби во локлната го злоупотребуваат отсуството на градоначалникот. Доказ за ова е неодамнешното сечење на шесте дрвја на Партизанска.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top