Како да се финансираат занаетчиските комори

Занаетчиската комора на Република Македонија во партнерство со Занаетчиската комора Кобленц спроведува партнерски проект за унапредување на занаетчиството.

 |  Крсте Голабовски  | 
zkrm
зкрм

seminar zanaetciiЗанаетчиската комора на Република Македонија во партнерство со Занаетчиската комора Кобленц спроведува партнерски проект за унапредување на занаетчиството.

Во рамките овој проект е и семинарот за можностите за финансирање на коморите преку употребата на германското искуство.

Кои се можностите за финансирањеи самофинансирање на занаетчиските комори и организации со самостојно управување? Проектот за унапредување на занаетчиството кој се реализира заеднички помеѓу Занаетчиската комора на Република Македонија и Занаетчиската комора Кобленц од Германија, ќе овозможи размена на искуства и нивна соодветна имплементација кај нас. Раководителот на партнерскиот проект, Оливија Штерјова, потенцира дека се свесни за неможноста во целост да се ипмлементираат германските искуства, но во добар дел успеваат.

Претставникот на централното занаетчиско здружение од Германија, Михаел Олма, информира дека акцентот на овој собир ќе се стави на финансирањето и обебзедувањето на дополнителни финансиски средства за националните занаетчиски организации кај нас и најчестите проблеми со кои се соочуваат.

Инаку, според Законот за вршење на занаетчиска дејност, средствата за работа на занаетчиските комори се обезбедуваат преку, коморски придонес, приходите од имот, надомест за узвршени услуги по основа на вршење на јавни овластувања и од донации и други извори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top