• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Како фејсбук групата „Туризам во Македонија“ започна неформална промоција на убавините на Македонија

Како фејсбук групата „Туризам во Македонија“ започна неформална промоција на убавините на Македонија

Неодамна на социјалната мрежа „Фејсбук“ беше основана јавна група именувана како „Туризам во Македонија“. Основачите на групата велат дека целта им е да ги едуцираат и запознаат граѓаните со убавините на татковината. Групата е формирана во време кога пандемијата беше во најголем ек и кога желбата кај граѓаните да бидат туристи во сопствената земја беше се поголма.

 |   | 

Неодамна на социјалната мрежа „Фејсбук“ беше основана јавна група именувана како „Туризам во Македонија“. Основачите на групата велат дека целта им е да ги едуцираат и запознаат граѓаните со убавините на татковината. Групата е формирана во време кога пандемијата беше во најголем ек и кога желбата кај граѓаните да бидат туристи во сопствената земја беше се поголма.

Во самата група може да забележиме дека има доста активни членови кои секојдневно споделуваат разни локации ширум државата, а во последно време има и се поголем број на интервјуа со сопственици на интересни објекти кои како што велат администраторите, прават мали нешта со огромно значење во развојот на домашниот туризам.

Основачите нагрупата кои и воедно се лиценцирани туристички водичи и придружници, велат дека за првпат се запознале со одредени места во дотогаш не ни знаеле дека постојат во државата.
Тие велат дека во моментот најактуелни се местата коишто се наоѓаат порај вода. Дали е тоа езеро, река, вештачка брана или поток, не е важно, луѓето имаат потреба од пливање.

Тие велат дека се горди на фактот што откриле многу нови луѓе коишто сакаат со своето хоби да придонесат во развојот на туризмот. Има многу интересни приказни, од луѓе кои готват традиционална храна, луѓе кои инвестираат во градење и отварање на сместувачки капацитети во рурални средини, луѓе кои градат куќички на дрво, па се до луѓе кои организираат атракции на разни локации.

Секој кој сака да го промовира својот роден крај, град, село, планина, река, поточе или било што, тоа ќе може да го стори во самата група.
Групата може да ја пронајдете на социјалната мрежа „Фејсбук“ со пребарување на „Туризам во Македонија“ или на следниот линк: https://www.facebook.com/groups/255106192353757/

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top