Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона

Зајакнување на понудата на сместувачките капацитети, тема на денешната работилница “Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона”. Охриѓани имаа можност од странски експерти да слушнат како може да се продолжи туристичката сезона и да трае цела година, како би се зголемила и продажбата на приватните сместувачките капацитети.

 |  Николоска Биљана  | 

Со помош на странски искуства и тренинг охридските станоиздавачи учат како до поголема искористеност на нивните сместувачки капацитетии и како да биде продолжена туристичка сезона. Во Охрид се одржува работилница на тема “Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона”. Деновиве сме сведоци дека Охрид може да биде исполнет и вон сезона, поддржувајќи програма со новогодишни содржини, преку организација на бројни настани и концерти кои привлекоа голем број гости. Елена Иванова туристички менаџер во ИМЕ програмата, односно програмата за зголемување на пазарната вработливост смета дека вонсезонската или пониска цена од онаа во летниот период и тоа како има свое влијание врз привлекувањето на туристите.

Ова не е работа само на еден човек или само на една група, приватно сместување. Тоа е наша заедничка цел на цела група за управување со дестинација. Тоа значи дека ако во некоја сезона не сме доволно атрактивни можеме да понудиме содржина заради која ќе станеме атрактивни, се додека сме јасни со јасна визија која целна група сакаме да ја привлечеме во тој случај можеме да направиме добар пакет и добра цена“ – вели Иванова.

Презентер на работилницата беше истакнатиот консултант за локални и меѓународни организации во туризмот Албион Идризи, со работно искуство во Германија и Косово. Тој истакна дека туризмот од неодамна претрпува големи промени и потребна е голема работа и напор за развој на истиот.

Ова е прашање кое што пред се треба да се постави на бордот за туризам, но јас лично што Охрид го познавам уште од детството и сум поврзан со туристичките активности сметам дека многу напори треба да се вложат во туризмот особено во новиот концепт на споделена економија. Мислам дека првиот чекор што може да се направи е во фактот што Охрид има голем број празни, непотполнети туристички сместувачки капацитети со оглед на тоа дека има одлична пристапност со аеродромот, патиштата и надежта е дека наскоро ќе се заврши автопатот тука лежи еден извор за продолжување на туристичката сезона“- смета Идризи.

Зголемување на пазарната вработливост е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Swisscontact која од 2015 година работи на зајакнување на секторот туризам и угостителство во Македонија. Тоа го прават преку подобрување на квалитетот на производите и услугите кои се нудат и проширување на пазарите во три дестинации, Охрид, Крушево и Маврово. Оваа година дел од активностите беа посветени кон зајакнување на понудата на сместувачките капацитети.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top