Украсни тегли, свеќи и чаши на училишните клупи. На децата од О.У. Св. Климент Охридски, од страна на родител има беше одржан час за декорирање на стаклени и восочни предмети. Се работи за многу интересна техника која децата ја прифатија со многу внимание. Проф. Валентина Кузманоска вели, дека во нивното училиште секогаш тежнееле да ја продлабочат соработката со родителите и овој настан е во рамките на тој дел.
Васе Иваноска на децата им го пренесе своето знаење за техниката на декорирање стаклени предмети, со мотиви од украсни салвети. Таа вели дека техниката е лесна, а децата спремно ја дочекале. За тоа од каде Иваноска ја научила оваа техника зборува пред нашата камера.
„Случајно во Скопје на една тезга видов украсни предмети, и прашав која е техниката. Подоцна поседував и курс за тоа па така ја совладав“, вели Иваноски. Децата на часот комплетно беа внесени во работата. Тие со задоволство зборуваа што научиле и каде понатаму ќе го пренесат стекнатото искуство.
Техниката на декорација на стаклени предмети невидум изгледа комплицирано, но според делото на учениците, сите за еден час ги имаа декорирано теглите со бројни предмети од хартија. Оваа активност била надвор од планираната наставна содржина, но добредојдена и прифатена од децата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град