Како децата го гледаат оружјето

Криминалот со оружје претставен преку уметнички дела. Учениците од ОУ во државава насликале вкупно 2900 цртежи, на тема „Акција против оруженото насилство“.

 |  Билјана Николовска  | 
crtezi
цртежи

Финиширан проектот „Акција против огненото насилство“. Како треба да изгледа светот против оружјето, беше насликан од страна на учениците од ОУ во регионот. Нивните дела беа експонирани во СВР Охрид а истовремено беа наградени најдобрите слики. Портпаролот на СВР –Охрид Стефан Димоски, ја пофали работата на одделението за превенција од секторот, кои во соработка со НВО „Цивил“ и мисијата на ОБСЕ одиграле главана улога во подигање на степенот на јавната свест во оваа сфера.

Претставничката на мисијата на ОБСЕ Јана Напа, рече дека погледнале вкупно 2900 цртежи од цела земја. Таа потенцира дека во добар дел на цртежите била насликана реалноста, така што се посомневале дека децата ја живеат насликаната состојба.

nagradi

Професорите на наградените деца скромно настапија со учениците. Тие не сакаа да коментираат пред камерите на медиумите, но нивно име прокоментираа нивните директорите. Маријан Костојчиноски директор на ОУ Страшо Пинџур од Вевчани, презадоволен од тоа што неговото училиште било вклучено во проектот.

Цртежите изработени од учениците во ОУ во земјава, добро се покажаа во проектот на СВР, ОБСЕ и НВО „Цивил“, „Акција против огненото насилство“. Нивните дела ќе бидат искористени и во други кампањи од ваков карактер.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top