Како Балканците доаѓаат до жена?

Судбината на младите неоженети Балканци кои се во потрага по европски сопруги преставена на филмско платно.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Судбината на младите неоженети Балканци кои се во потрага по европски сопруги преставена на  филмско платно.  

„Плати и жени“ е македонски  филм  на режисерот Атанас Ѓорѓиев, кој  десет години го следел овој социолошки  феномен.

logoТемата е купување сопруги заради добивање на пасош, нешто што многумина Балканци го прават за да се здобијат со европско државјанство. При тоа поминуваат различни голготи и се судираат со бирократски ситуации.

Филмот  во македонско-австриска-хрватска-американска копродукација, со бројни меѓународни награди од публиката, ќе се прикажува во Центарот за култура на девети септември вели директорката на ова  установа Драгана Боцевска.

Со прикажувањето пред охридската публика на филмот „Плати и  жени“ започнува престојната богата филмска програма. Во престојниот зимски периодот не очекуваат проблеми со загревањето на кино салата нагласува Боцевска.

„ Доколку нема основни услови нема ни да се прикажуваат филмови вели категорично директорката. Министертсвото за култура не подржа лани и се надеваме подршката да продолжи за непречено одвивање на сите активности“ додава таа.

Со „Манаки филм“ е договорена филмската програма во следните два месеци. Од Центарот за култура ветуваат прикажување на нови и интересни филмски остварувања. „Австралија“, „Тајна“, „Принцеза на сонцето“, „Валкирите“, „Денот кога земјата запре“, „Иксмен 4“  се само дел од насловите на филмовите кои ќе се прикажуваат секоја среда, четврток и петок.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top