Граѓаните кои живеат во стариот дел на градот не можат со автомобил да си одат до дома. Сообраќајницата кај Горна Порта е затворена за сообраќај поради изведување градежни работи. Од Локланата објаснуваат дека се прередуваат плочките на улицата што е дел од проектот за санација на улиците во стариот дел на градот. Ветуваат дека работите ќе завршат во најбрз можен рок.
Кај Горна порта затворено за сообраќај. Уште од утрово екипи ангажирани од АД „Илинден“ работат на прередување на камените плочки кои се наоѓаат на оваа улица. Граѓаните од овај дел на градот реагираат дека неможат да ја користата оваа сообраќајница која е главната артерија за сстариот дел на градот. Од Локалната велат дека овие зафати се дел од проектот кој уште од летоска се спроведува за прередување на коцките на улиците во стариот дел на градот.
Можам да ве уверам дека овие градежни зафати со сигурност ќе бидат завршени пред почетокот на новогодишните празници. Затоа екипите на терен кои се под контрола на Секторот за комунални дејности интензивно и ефективно работат на санација на овие потези во стариот дел на градот, вели Љупчо Танески-Сектор за комунален развој, сообраќај и патишта.
Танески објаснува дека локалната се одлучила на ваков чекор бидејќи улиците во стариот дел на градот не биле санирани од самата нивна изградба, а тоа е повеќе од дваесет години Овој проект чини околу 120 000 евра.
Знаеме дека станува збор за еден специфичен простор, за едни тесни улички, а и за специфичен дел од градот кој е заштитен со посебен закон, па затоа општина Охрид како одговорна Локалана самоуправа со посебно внимание се однесува токму кон овој дел на градот и неопходна беше санација на овие улици. Знаеме дека тие покрај што се фреквентни и нив ги користат луѓето кои гравитираат таму, тие се користат и од многубројните туристи кои го посетуваат Охрид, вели Танески.
Со овој проект на Локалната досега беа опфатени улиците „Кузман Капидан“, „Коста Абраш“, „Илинденска“, а покрај кај Горна Порта сеуште се работи и на улица „Самоилова“ каде еден дел е затворен за сообраќај.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град