Кај 25 охриѓани утврдено присуство на британската мутација на вирусот

Во текот на минатата недела се потврдени 56 случаи на новиот британски вид на коронавирусот. Најголем број случаи се откриени во Охрид 25, Прилеп 10 и Кавадарци 4,соопшти Институтот за јавно здравје.

 |   | 

Во текот на минатата недела се потврдени 56 случаи на новиот британски вид на коронавирусот. Најголем број случаи се откриени во Охрид 25, Прилеп 10 и Кавадарци 4,соопшти Институтот за јавно здравје.
Во текот на минатата недела, од 1 до 7 февруари, до ИЈЗ се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на британскиот сој на коронавирусот од три лаборатории (ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ). Од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на вируот, а забележано е дека е присутен во осум градови.
Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број на нови варијанти, кои претходно не биле присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на континуиран внес на нови случаи на Ковид19 од странство.
Британската, јужноафриканската и бразилската мутација на вирусот според здравствените власти во западноевропските земји се смета дека се далеку позаразни од другите варијанти кои циркулираат, дека се позаразни за помладите под 20 години, дека ги неутрализираат антителата од прележан ковид односно со вирусот можат повторно да се инфицираат и оние кои се веќе излекувани а ја доведуваат во прашање и ефикасноста на актуелните вакцини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top