Охридските угостители од 8 часот изутрина стапија во штрајк.
Нивните објекти ќе бидат затворени во рок од 24 часа во знак на револт кон Законот за заштита од пушење. Угостителите сметаат дека постоечкиот закон е премногу ригорозен и негативно се одразува на нивното работење.
Со овој вид на незадоволство ја изразуваат потребата од негова итна измена. Иако ја поздравуваат одлуката за пушење на летните тераси, сметаат дека таа е неприфатлива за нив и нивното работење, па веќе поднеле барања до владата потенцира угостителот Драган Битракоски.
„Тие барања се помалите објекти до 100 квадрати сами да решат дали ќе бидат за пушачи или непушачи, поголемите над 100 квадрати да бидат со 30% за пушење а за поголемите објекти да се реши на друг начин, можеби со лиценци истакнува Битракоски.
Според кажувањата на угостителите, примената на овој Закон веќе се одразува врз финансиското работење на угостителските објекти. Прометот во јануари е драстично опаднат во однос со јануари минатата година. Доколку нешто во меѓувреме не се измени, намалениот промет во угостителските објекти, ќе доведе и до отпуштање на вработените.
Угостителите ги отфрлаат шпекулациите дека помеѓу нив има штрајкбрејкери. Одлуката за штрајкот на угостителите при Сојузот на стопански комори на Македонија ја почитуваат сите и цврсто се уверени дека така ќе остане во текот на преостанатите вечерни часови.Тие се децидни дека денешниот ден некои од угостителите го искористиле за средување на објектите, а не за работа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град