Кафулиња одбиле да послужат гости со кафе и чај

Завршија Новогодишните и бројните верски празници кои следуваа по тоа ама останаа повторно угостителските пропусти кои му задаваат сериозен удар на туризмот на охридската ривиера.

 |  Валентина Неловска  | 
kafe
кафе

Ljupco patceЗавршија Новогодишните и бројните верски празници кои следуваа по тоа ама останаа повторно угостителските пропусти кои му задаваат сериозен удар на туризмот на охридската ривиера.  До нашата редакција стигна реакција од гости незадоволни од угостителскиот третман на дочекот на Нова година    на плоштадот во Охрид.Тие  посакале во едно од бројните кафулиња на плоштадот да се напијат чај со рум, но останале непријатно изненадени кога од кафулето каде што нарачале пијалок ги одбиле со изговор дека таа вечер не послужуваат чај и кафе.
Ваквиот однос на угостителите го осудуваат бројни сериозни угостители. Еден од нив е и Љупчо Патчев кој долго време е во овој бизнис. Тоа е неетички, не  професионално и  нехумано вели Патчев. Додава  кафеаните се отворени за гостите и треба да бидат  послужувани со она што го имаат на менито. Но, последниве години туризмот во Охрид го води кој како ќе стигне на свој начин.
Патчев  апелира што поскоро еснафот да заземе став за вакви работи повторно да не се случуваат. На запад гостинот е цар, и не смее да се одбие и да му се наложи што ќе пие  за негови пари. Тоа може да се случи единствено во ноќен бар, но не и во останатите објекти.
Со ставот и размислувањето на познатиот охридски угостител се согласуваат и експерите од факултетот за туризам и угостителство. Не постои никаква оправданост кафуле да одбие да послужи гостин со  кафе и чај, апсурд е да се одбие гостин да биде послужен. Последниве 20 години лакомоста и  трката за профит ги прават сопствениците и менаџерите да не обрнуваат внимание на потребите на луѓето. Потребна е сериозна едукација на сите фактори во туризмот за да се живее туристички.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top