Вработените во НП „Галичица“ се оставени три месеци без плата, по престанокот на манадатот на двајца членови на Управниот одбор, алармира за состојбите во паркот, членот на управниот одбор, Ванчо Костоски. Владата од месец ноември мината година усмено ги разреши членовите. „Одлуката на Владата за суспензија на членовите на УО сеуште ја нема во службен весник и нема нови назначувања“, укажува Костоски. Таквата ситуација се одразува во работењето бидејќи не е донесен буџетот на установата и нема одлуки за работата од страна Управниот одбор.
Со ваквиот несериозен однос на Владата се блокира работата на јавната установа истакнува Костоски. Не е донесен ни годишниот план за заштита на флората и фауната на паркот. Не е возможно да се одвиваат јавните набавки и годишните тендери, а полека се намалуваат и резервите со гориво. Од националниот парк за ваквата ситуација реагирале но досега работите не се променети информира Костоски.
„Проблемот е во борбата кој да влезе во Управниот одбор, дали двајца челнови од Вмро Дпмне или од ДУИ. Вакви сериозни работи не би требало да го попречуваат нормалното функционирање на Националниот Парк“, истакнува Костоски.
Управниот одбор во НП „Галичица“ во моментов функционира со тројца членови. Раководството во непотполн состав не презема ризик при одлучувањето вели членот на Управниот одбор, Ванчо Костоски, кој е доаѓа од редовите на ВМРО НП.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град