Согласно заклучоците на Kомисијата за заразни болести при Министерството за здравство, по донесената одлука за прогласување епидемија на морбили на целата територија на Р.Македонија, против морбили треба да се вакцинираат сите деца на возраст од 6 до 12 месеци, а доколку не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани и сите лица на возраст од 13 месеци до 40 години.
Од Центарот за Јавно здравје – Охрид ги информираат граѓаните кои не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани дека:
– Децата на возраст од 6 месеци, до 18 години, ќе бидат вакцинирани во ЈЗУ „Здравствен дом“-Охрид, Работна Единица „Превентива за деца и младинци – „Оддел за вакцинација),
– а лицата кои не се вакцинирани или немаат податок за вакциналниот статус, како и оние кои имаат примено само една доза вакцина МРП, ќе се вакцинираат во ЈЗУ „Центар за јавно здравје“- Охрид, односно, (Завод за здравствена заштита).
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град