Каде да најдеш книга ако не на саем?

Охриѓани се почесто другаруваат со книгата. Иако најчесто се жалат на недостиг од време, сепак читателската публика расте. Почнувајќи од денес па до недела читателите ќе имаат можност да се сретнат со книгата на 23тото меѓународно издание на Саемот на книга кој се одржува во Скопје. Мотото на овој саем е „Подари книга, подари богатство“.

 |  Мишел Наумсоки  | 
knigi
книги

Охриѓани се почесто другаруваат со книгата. Иако најчесто се жалат на недостиг од време, сепак читателската публика расте. Почнувајќи од денес па до недела читателите ќе имаат можност да се сретнат со книгата на 23-тото меѓународно издание на Саемот на книга кој се одржува во Скопје. Мотото на овој саем е „Подари книга, подари богатство“.

За среќа поминува времето кога се чекаа вакви настани за да се купи омилената книга. Се повеќе луѓе одат по книжари, купуваат книги, се посетуваат библиотеки. Сепак брзото живеење и борбата за заработка оставаат се помалку време за да се прочита некоја убава книга. Преокупирани со секојдневните обврски, некои не сакаат, а некои и не можат да одвојат време за малку уметност. Еве вака реагираа Охриѓани кога ги запрашавме дали тие читаат книги.

И додека често како изговор да не се купи книга се наведува цената, доаѓаат моменти кога овој аргумент веќе не важи. Еден таков момент е и Меѓународниот саем на книга кој ќе се одржи во Скопје. Мотото на 23тиот Меѓународен саем на книгата е „Подари книга, подари богатство.“

„Причина за овој наш разговор е саемот на книгата кој почнува од денес па трае до недела, до 17ти. Според моите информации и како што е кажано во другите медиуми, ќе има некаде околу 150 издавачи кои оваа година ќе учествуваат на саемот на книгата во Скопје и од Македонија и од странство па се надеваме дека ќе биде доста посетен како саемот така и книжарниците низ градот.“ вели Димитар Саков-раководител на книжарницата Просветно дело во Охрид

Саемот претставува одлична можност за на едно место да се видат поголем број на автори и поголем број на литературни жанрови, но дали се менуваат навиките на граѓаните за купување и читање книги?

„За среќа и Охриѓани, а гледам и по туристичката сезона Македонците не чекаат само саемот на книгата да дојде за да си купат некои книги кои одамна сакале да ги прочитаат. За среќа навиките се враќаат на она за многумина поминато време кога многу повеќе се читаше, секако тука и стандардот си го правел своето, но во последно време, овие последни 2-3 години читателите се враќаат во книжарниците, а од моите информации и во библиотеките.“-рече Саков

„Ова е стресно време, читателите бараат излез и некаков совет од книгите, затоа најбарани се психолошките книги, но и останатите жанрови се скоро подеднакво застапени.“-додава Саков

За оние кои се заинтересирани за саемот тој е во организација на Здружението на издавачи и книжари на Македонија и Здружението на албански издавачи, под покровителство на Министерството за култура кое ќе учествува со свој штанд.Изложените дела ќе бидат достапни за читателите од 10 до 20 часот, а влезницата чини 30 денари, односно 20 за групни посети.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top