Каде кочат работите за нов Здравствен дом?

Mitko dabevskiНадлежните конечно проговорија зошто се кочи работата околу изградбата на нов Здравствен дом во Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 

Mitko DabevskiНадлежните конечно проговорија зошто се кочи работата околу изградбата на но Здравствениот дом во Охрид. И овој пат двојни виновници. За едните виновна  е Дирекцијата и нејзината непотегливост, а за другите фирмата-изготвувач на проектот.

Раководителот на Секторот за урбанизам при Локалната самоуправа, Бранко Арнаудов, тврди дека во општината се вложуваат максимални напори за изградба на оваа здравствена установа и додава:

„Локалната на 29.12.2009 год издаде услови. Веднаш потоа издаден е извод до ЈЗУ Здравстевн дом, бидејќи целокупната постапка треба да ја водат тие. По издадениот извод, ЈЗУ Здравстевн дом беше задолжен да изготви идеен проект. Истиот го доставија во Локалната самоуправа во мај 2010 год. Идејниот проект, заедно со локацијата, имаше недостатоци и веднаш се известени да ги отстранат. Имотно-правните односи на просторот каде треба да се гради, до ден денес Здравствениот дом ги нема решено“.

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом, Митко Дабевски појаснува дека идејниот проект за новиот Охридски здравствен дом бил подготвен уште во 2008 год, од страна на ЈЗУ Здравствен дом и Министерството за здравство. „Уште во 2009 год, баравме локациски услови и дозвола за градба….не знам зошто и кој кочеше долг период, за да конечно советниците го изгласаат на последната седница во 2009 год“, вели директорот Дабески. Тој уште додава дека тогаш од него било побарано скиците за проектот да ги направи фирма од Гостивар.

„Здравствениот дом склучи договор со таа фирма. Се направи скицирањето од нивна страна,  врз основа на нашиот проект и сите документи. Направивме и два елаборати и се беше на трошок на ЈЗУ Здравствен дом… во прашање беа 4 до 5 илјади евра. Подготвените документи ги предадовме во Локалната самоуправа и требаше да направат решение за локациски услови со кои ќе баравме дозвола за градба. По неколку месеци бев информиран дека за 1 и пол до 2 матри е промашен проектот од парцелата“, вели директор на ЈЗУ Здравствен дом, Митко Дабевски.

„Се додека не ги решат имотно-правните односи, не можеме да издадеме решение за градба. Тоа го бара Законот за  локално урбанистичко планирање, т.е Законот за градба“,  категоричен е раководителот на Секторот за урбанизам.

„Ако тие денеска донесат имотен лист за земјиштето, ние уште утре ќе им издадеме локација за изградба на нов здравствен дом. За ова, тие се известени на двапати. При последнта нивна реакција, му се јавив на директорот го повикав да дојде да си ги види документите и да си ги реши проблемите, бидејќи сите гледате во каква состојба е ЈЗУ Здравствени дом во момнетов“, истакна  Арнаудов.

Дабески појаснува дека сега треба да барават нови елаборати за движење на земјиштето, за што како директор се обратил до катастарот. Во меѓувреме, голготата на охриѓани продолжува..

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top