Каде сега ќе биде поставен информативниот екран?

Стопирани работите околу поставување на информативниот екран на градскиот плоштад.

 |  Крсте Голабовски  | 

Градоначалникот Петрески со став дека, дека локацијата останува иста, но точното место за поставување на објектоот ќе биде сменето.


Стопирано поставувањето на уште еден информативен екран на градскиот плоштад. Денес само огромната дупка ископана за постаментот сведочеше за објектот кој требаше да никне на оваа атрактивна локација. постаментот за огромниот информативен екран ќе биде поставен на градскиот плоштад, но подалеку од спомениците. Од Локалната уверуваат дека екранот ќе биде лоциран на место и начин, воопшто да не го нарушува погледот од езерото кон стариот град и обратно.
Лилјана Симонска од одделението за јавни набавки при Локалната, изјави дека Одобрение за издавање место за поставување на информативен екран, добила скопската фирма Медиа Инвест, која била најсоодветниот апликант на огласот кој во мај месец осамнал во еден од дневните весници. Таа додаде  дека според огласот, екранот треба да има димензии 450х310 цм, спротивно од шпекулациите кои кружеа дека станува збор за објект со димензии од девет метри. Инаку со Медиа инвест е склучен договор на времетраење од четири години. Одговорните од Секторот за Урбанизам не најдоа за згодно да ја информираат јавност околу поставувањето на екранот па затоа податоците ги добивме директно од  Градоначалникот Александар Петрески. Тој  изјави дека голем број македонски фирми се интересирале за поставување ваков информативен екран во Охрид, токму поради атрактивноста на локацијата и објасни зошто истата.

Останува да видиме кој ќе биде изборот на службите од Секторот за урбанизам при општината, за точно место на кое ќе биде поставен овој објект на сепак ограничениот простор околу градскиот плоштад, бидејќи самиот градоначалник изјави дека екранот ќе биде така поставен, да во никој случај нема да пречи на визурата од езерото кон стариот дел на градот и обратно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top