Деновиве во нашата редакција имаше јавувања и реакции од родители на ученици од електро-машинскиот центар „Свети Наум Охридски“. Родителите револтирани велат „Не е хумано на вакви ниски температури, нашите деца својот појадок да го јадат надвор.“
Имено, на големиот одмор училишната зграда била заклучувана, а децата морале да седат во дворот на училиштето. На ваквите обвинувања од родителите, раководителот на секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумоски, со следната изјава:
„Веќе подолга пракса е на ЕМУЦ и во други училишта на големите одмори училниците да се заклучени меѓутоа холовите и другиот дел се достапни за учениците и истите се во овие услови загреани, не е точно дека учениците се бркаат надвор од училишните згради.“
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град