Kрводарителска акција во организација на ОО на Црвен Крст Охрид

Во рамките на активностите од Неделата на Црвениот крст, охридскиот Црвен крст во соработка со Трансфузиолошкото одделение организира крводарителска акција.

Истата ќе се одржи денес, во периодот од 08:30 до 12:30 часот во просториите на одделението за Трансфузиологија при Општата болница во Охрид.

– Во време на кризата предизвикана од коронавирусот, трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти. Затоа, од голема важност е да се пријавите на акциите за доброволно дарување крв, информираат од охридскиот Црвен крст.

Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители. Крвта е извор на животот, крвта е лек. Единствен извор на крв се крводарителите. Ако се чувствуваш здрав и имаш помеѓу 18 и 65 години, биди херој и дарувај крв, велат од Црвен крст Охрид.

kрводарителска, акција, крст, оо, организација, Охрид, Црвен

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top