• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Јузмески: Туристичките водичи мора да ја зборуваат вистината за нашето културно-историско наследство

Јузмески: Туристичките водичи мора да ја зборуваат вистината за нашето културно-историско наследство

Промоторите на Македонија, а посебно на Охрид, мора да ги говорат вистините за македонското културно – историско наследство. Охрид треба да се популаризира повеќе а туристичките водичи треба да се повеќе подготвени за да го презентираат градот, сметаат добрите познавачи на туристичкото стопанство.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Поголем број домашни и странски туристички водичи поради незнаење или некои сосема други причини свесно и намерно честопати грубо ја извртуваат нашата историја. Познато е дека во нашата земја работат туристички водичи на црно со сомнителна наобразба. Ова пред се се однесува не само на водичите од нашата земја туку и на оние што доаѓаат, главно од соседните земји, кои на туристите им ја презентираат својата верзија на нашата култура и историја, сметаат дел од професионалните туристички работници. Треба да ги застапуваме нашите традиционални и културни вредности, категоричен е познатиот охридски туристички водич Љупчо Јузмески.

„Тоа не е од неедуцирани…туку од квази туристички работници кои за краток профит на кратки стази би го направиле тоа. Ние треба да трчаме на долги стази, а за тоа треба да ја одмериме силата како за да стигнеме до целта со вистина а не со невистина“.

Јузмески смета дека веќе не постои простор за грешка и дека туристичките водичи мора да ги говорат вистините, а шарените и негативни приказни кои само би ја омаловажиле Македонија треба да се избегнуваат. Заради ваквиот девалвирачки однос кон туристите, но и кон македонското културно- историско наследство, апелираат надлежните институции да преземат мерки против ваквите појави.

„Охрид треба да се популаризира повеќе, водичите треба да се повеќе подготвени кога го презентираат градот. Пример, во други земји не смее водич од страна да води, мора да биде од местото од каде што е а кај нас се случува водичи да си доаѓаат со групите и тие да го презентираат градот, повеќе треба во таа насока да се обрне внимание, Охрид да се заштити од незнаење, затоа што Охрид не го заслужува тоа Охрид е преубав и пребогат“ – вели Данче Матова од Завод и Музеј.

Во Охрид во моментов, има над 150 лиценцирани водичи. Но според неофицијалните податоци, бројката на оние што работат на диво е најмалку трипати поголема. Поради тоа на туристичките тури низ Охрид може да се слушне сé и сешто, од полуинформации до целосни невистини. Инаку, според Законот за туристичко работење, во секоја туристичка агенција мора да постои вработен туристички водич, во спротивно фирмата не може да добие дозвола за работа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top